ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Ѓорче Петров се дави во отпад

Планина од ѓубре блокираше многу улици во општината Ѓорче Петров. Освен преполните контејнери, ѓубрето фрлено на земја ги блокира влезовите на зградите. Жителите изразија револт поради моменталната состојба, додавајќи дека собирањето на ѓубре сега се врши само еднаш неделно, а не двапати како што беше порано.

Advertisements

Жителите се жалат и на недоволниот број контејнери. Тие бараат да има контејнер пред секоја станбена зграда.

Покрај лошата состојбата низ улиците во општина Ѓорче Петров, и улиците низ Чаир се преполни со ѓубре, кое, покрај тоа што им оневозможува на граѓаните слободно движење, испуштаат и силна миризба, ризикувајќи ширење на разни зарази. Наместо да го реши проблемот со отпадот, Градот Скопје, преку Општинскиот инспекторат, побара од полицијата да го запре работењето на приватен камион за собирање отпад во општината со кој првите луѓе на Чаир претходно потпишаа договор. Според првиот човек на Чаир, договорот со приватната компанија е склучен бидејќи Чаир околу две години се дави во ѓубре. За разлика од општините Ѓорче Петров и Чаир, инсертите што ги направивме во некои делови од општина Центар беше чисто, а контејнерите беа празни.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button