Општина Куманово: Лично право на кандидатот е како ќе се изјасни
Општина Куманово: Лично право на кандидатот е како ќе се изјасни

Општина Куманово, ја избегнува одговорноста од злоупотребата на нововработените во оваа институција, преку лажно декларирање на етничката припадност. Според администрацијата на Максим Димитриевски, декларирањето на четворица Македонци за Албанци со цел да се узурпираат работните места предвидени за Албанците не е прашање што ја засега општината, туку е индивидуалното право на кандидатот.
„Изјаснувањето на кандидатите за националната припадност за време на конкурсот за вработување е индивидуално право, и ние како институција немаме право и законска можност да влијаеме. Луѓето не се бираат врз основа на етничка припадност, бидејќи ние сме посветени на исполнување на условите на конкурсот“, велат од Општина Куманово.
Во однос на правичната и соодветната застапеност, и почитување на критериумите на балансерот, донесени од страна на општинското собрание се почитува. Иако ова подразбира дека почитувањето на овој акт е само во правно-формален аспект.
„Општина Куманово води сметка за правична и соодветна застапеност на националностите во рамките на институцијата. Ова прашање е регулирано благодарение на балансерот одобрен од Советот на Општина Куманово“ , велат од Општина Куманово.
На 30 јуни, благодарение на конкурсот отворен однапред на почетокот на јуни, Максим Димитриевски има потпишано 4 решенија за вработување во Општина Куманово. Ненад Димовски, Драган Величковски, Игор Димитриевски и Бобан Стојановски беа вработени на позициите предвидени во конкурсот благодарение на лажното изјаснување како Албанци само преку нотарска изјава. Вакви вработувања во Општина Куманово се вршеле и во текот на мај, а неофицијално се дознава дека во меѓувреме имало и други вработувања во јавните општински претпријатија. Во моментов не постои правен механизам кој ја спречува злоупотребата на балансерот, додека иницијативата на министерот за правда, Кренар Љога за задолжително изјаснување за државјанство од денот на раѓањето, беше замрзната со одлука на Уставниот суд.
Адриан Керими