ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Сарај конечно доби поликлиника

Општина Сарај конечно доби поликлиника

Една година по објавувањето на фотографиите на функционерите на владејачката ДУИ дека изградбата во поликлиниката во Сарај е готова (фотографии објавени од Груби и Реџепи од 09.12.2022 година) објектот беше пуштен дури денеска.
Конечно заврши долгото чекање на повеќе од 45 илјади жители од околината на Сарај.

Advertisements

„Заедно го отвораме овој објект кој е важен за вашата општина и тоа е многу убав знак за работите што можеме да ги направиме заедно“, рече Артан Груби, прв вицепремиер на Владата.

Поликлиниката на Сарај во декември 2022 година стана предмет на раздор меѓу функционери на централната и локалната власт од редовите на ДУИ. Тогаш првиот вицепремиер на Владата Артан Груби и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи објавија фотографии на кои истакна дека изградбата на поликлиниката е завршена една година пред предвиденото. Но, тоа го демантираше Блерим Беџети, тврдејќи дека станува збор за лажна вест, но денеска зборуваше поинаку:

„Денеска е значаен ден за граѓаните на општина Сарај, со отворањето на поликлиниката Сарај и услугите што од денеска ќе можат да ги добиваат овде на оваа поликлиника“, изјави Блерим Беџети, градоначалник на општина Сарај.

Поради немањето поликлиника граѓаните од 20-ина села од Сарај за здравствени услуги патуваа во Ѓорче Петров./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button