ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Струга ја тужат 40 пожарникари, не добиле пари за хранарина

Струшките пожарникари не можат да си го земат она што им следува со закон. Имено тие со тужба пред Основниот суд во Струга ја тужат општината за неисплатени обврски за хранарина, што им следува согласно законот за ноќна работа. Друг дел од нив пак имаат поднесено тужби за неисплатени разлики во плата и за хранарина. Станува збор за околу 40 пожарникари. Барањата се за период од 2018 до 2021 година. Досега се одржани неколку рочишта, вели нивниот адвокат.

Advertisements

„Од целиот тек на овие постапки и од сите досега изведени докази, пожарникарите ги исполнуваат сите законски услови, да го добијат спорот. Без пресметани камати, општината на секој од нив поединечно треба да им исплати од 45.000 до 60.000 денари…“, вели Емин Куртиши, адвокат.

Имено, Законот за работни односи, вели адвокатот, предвидува ако работодавачот не обезбеди храна на работниците кои работат ноќна работа, тогаш мора да им исплати екстра 20% од просечната нето плата во државата. Пожарникарите кои ги контактираше Алсат, не сакаат јавно да зборуваат. Градоначалникот, Рамиз Мерко, на настан денеска во Охрид, избегна да даде изјава. Алсат претходно го контактираше и кoмaндирот на струшката противпожарна служба, но и тој не сакаше да зборува за проблемот. Во меѓувреме противпожарните служби во соседен Охрид се жалат дека немаат доволно опрема.

„Најстарото возило е од 1983 година, ФАП. Моментално не е во возна состојба. Поправено е, но е доста ризично да се вози. Најновото е од 2008 година“, рече Борко Јанкулоски- командир на противпожарна служба Охрид.

Инаку, пожарникарите велат дека, освен опрема, им недостасуваат и уште професионални кадри за гаснење пожари.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button