ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Теарце се соочува со проблеми со канализацијата

Во општина Теарце гравитираат 13 села заедно со селата од планинските предели. Сите 13 села немаат канализација. Канализација почна да се гради само во село Теарце. Жителите се снаоѓаат кој како може. За отпадните води имаат септички јами, но со тоа ги загадуваат и почвата и земјоделските посеви.

Advertisements

Ризикот е уште поголем бидејќи општина Теарце е во заштитеното подрачје на изворите со вода кои го снабдуваат скопско Рашче, а таквиот начин на третман на отпадните води може да ги загади и овие извори кои со вода го снабдуваат Скопје.

„Септичките јами се опасност за населението бидејќи општините Теарце и Јегуновце се во третата заштитна зона на водата за пиење во Рашче. Овие септички јами ја загадуваат водата. Со навлегување во земјата ја загадуваат водата со која се снабдуваат половина милион жители. Затоа овој дел треба да има приоритет за канализација“, реагираат жителите.

Од општина Теарце креваат раменици. Велат дека проектот е многу скап и оти им треба помош од централната власт.

„Можност гледаме не од општинскиот буџет, туку од владиниот буџет и од надлежните ресори за реализација на овие проекти бидејќи се сериозни буџети. Ниту едно село нема канализација, бидејќи и да се изгради канализација, без пречистителна станица не вреди затоа што на тој начин само ќе го преместиме загадувањето од селата во нивите“, рече Нухи Незири градоначалник на Теарце

Во општина Теарце освен со канализација, проблеми има и со недостигот на вода за пиење.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button