ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Теарце; шалтерите затворени, граѓаните извисија

Оштетена патна инфраструктура, без вода за пиење, нечистотии и неефикасност на општинските услуги. Ова се поплаките кои денес произлегоа од дел од жителите на општина Теарце, кои дојдоа да си ги платат долговите во општината, но вработените ги немаше на своите работни места.

Advertisements

„Ја обезбедуваме водата за пиење од продавница, каде на друго место? Сега во лето нема доволно, од реката земаме вода…“

„Овде не остана ништо. Речиси една недела нема каде да пријавам. Второ водата не се пие, најдобрата вода тука сега стана најлоша во земјата. Трето, патот го уништија, наводно за да ја направат канализацијата, и сега ги нема никаде. Дојдов во оштина да видам колку должам, но беше затворена. Вода сакав да ја платам, немаше никој“, реагираат граѓаните.

Градоначалникот на општина Теарца, Нухи Незири, го правдаше отсуството на вработените од своите работни места – дека тој ги испратил на терен за да ги поправаат дефектите- како сите вработени да се мајстори.

„Екипите се постојано на терен, бидејќи се изведуваат канализационите работи каде што се изведуваат работите и се прекинува водоснабдувањето, а тоа е пречка работниците да бидат постојано во канцеларијата. Затоа, секој жител што ќе дојде може да добие информации за правилно да се информира, рече Незири.

Новинар: И вработените се на терен?

„Не… тие имаат свои обврски за кои зборувавме претходно, и сите тие се вклучени во проектот“.

Долгите редици не недостасуваа ниту пред полициската станица за да ги пријават жителите кои доаѓаа од странство, но немаше картони за пријавување/одјавување.

Се обративме и до Министерството за внатрешни работи од каде писмено не информираа дека МВР, ги снабдува полициските станици со картони, но недостигот се должи на големиот број пристигнувања во државата, бројка која не може да се предвиди.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button