ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општината Кисела Вода доби казна од 90 000 евра за непрописно одлагање на отпадот пред депонијата „Дрисла“

Општина Кисела Вода ќе треба да плати 90 илјади евра за непрописно одлагање отпад пред скопската депонија „Дрисла“. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека за ваквиот небулозен потег на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска дознал преку медиумите и дополнува дека градските инспекциски служби биле под жесток притисок да ги казнат општините кои пред три дена сами го чистеа отпадот од улиците и контејнерите, а повеќе детали најави дека ќе соопшти на денешната прес-конференција закажана за во 12ч.

Advertisements

За потсерување, по комуналниот „крах“ на Скопје поради штрајк на вработени во јавното претпријатие, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се самоорганизираа и почнаа со чистење на општините со кои раководат.

Меѓу нив и градоналникот на Аеродром, Тимчо Муцунски и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кои со камионите со смет од нивните општини се упатија кон депонијата Дрисла и оттаму преку пренос во живо обвинија дека не им се дозволува да го депонираат ѓубрето.

Градоначалникот Муцунски тврди дека безброј пати го побарал директорот на Дрисла, но тој не одговорил на неговите повици.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button