ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општините без канализација, водовод и патишта

Патишта, канализација и водоводи се најголемите проблеми со кои се соочуваат нашите општини. Ова го покажуваат податоците што Алсат ги доби од повикот на Министерството за локална самоуправа за издвојување на 100 милиони евра за инфраструктурни проекти. Од поднесените 358 проекти, повеќе од половина, 218 се проекти за изградба или реконструкција на патишта. 51 проект се за канализација, додека 21 за водовод.

Advertisements

Иако речиси сите општини во државата се соочуваат и со други проблеми, мал е бројот на проекти за градинки, училишта, спортски сали, противпожарни единици и слично. Минимален е бројот на апликации поврзан со изградба на паркови, улично осветлување, проекти од културата и иновации.

Од вкупниот број 358 проекти, само 14 проекти се за изградба или реконструкција на јасли и училишта, и исто толкав е бројот 14 за терени или спортски и рекреативни сали.

Општина која поднела најголем број на проекти, е Шуто Оризари која поднела 25 проекти, потоа Град Скопје со 20 проекти, а општина која е на дното на листата е Теарце. . Причината, според Министерството, е што документите не биле изготвени во согласност со правилата, и дури биле доставени преку приватна електронска пошта, наместо преку службена. Од општините со албанско мнозинско население по број на прокети предничи Гостивари со 15 проекти, Арачиново со 13, Кичево и Чаир со 7, Врапчиште со 6, но Тетово и Липково со само 3 проекти, Сарај и Желино со 2, додека Боговиње и Студеничани се пријавени со само по 1 проект.

Барањата на општините ќе ги разгледуваат вкупно 6 министерства и потоа ќе се одлучува кое ќе се финансираат. Општините имаа рок од 10 дена да ги напишат и да ги достават овие проекти, а нивното разгледување, како што дознава АЛСАТ, веќе започнало.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button