ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општините кренаа раце од проблемот со кучињата – скитници

Општините кренаа раце од проблемот со кучињата – скитници

Општините и понатаму немаат долгорочно решение за проблемот со кучињата скитници. Невакцинираните и нестерилизираните животни продолжуваат во групи да талкаат низ населбите на главниот град. Многу од нив не се агресивни, но има и такви кои се исклучок. Само претходната ноќ во полициските станици во Скопје биле пријавени три случаи на каснувања од кучиња скитници во повеќе области на главниот град.

Advertisements

„Во 09,30 часот во Полициската станица Гази Бабе, Д.П. пријавил дека бил каснат од куче скитник на улицата „Сава Михаилов“. Потоа во 13:30 часот во Полициската станица Аеродром, Г.М.(49) од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник на булеварот „Јане Сандански“. Во 21:00 часот во Полициската станица Гази Бабе, А.В.(58) од Скопје пријавил дека на улица „Сава Михајлов“ бил каснат од куче скитник“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Минатиот месец во јавното претпријатие „Лајка“ се третирани 110 кучиња. Од нив, 80 биле фатени од екипите на претпријатието, а 12 биле испратени од граѓани. Успешно се посвоени 39 кучиња, а 48 се вратени во своето место . Додека едно болно куче со лоша здравствена состојба е еутинизирано. „Зелена Група“ денеска расправаше за нови законски решенија предложени за унапредување на Законот за заштита и благосостојба на животните.

Проблемот со кучињата скитници е наследен од еден на друг градоначалник. Претпријатието „Лајка“ нема капацитет да ги третира сите кучиња во главниот град, што значи дека останатите општини се на листа на чекање. Некои од овие општини не го ни продолжија договорот со „Лајка“.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button