ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Општините остануваат во долгови „до гуша“

Десетици општини во нашата земја имаат блокирани сметки поради вртоглави долгови наследени од еден градоначалник на друг. Лошото менаџирање со парите од страна на општините доведе до тоа државата неколку пати да издвојува пари од буџетот за да помогне во исплатата на долговите. Дали оваа практика ја смета за нормална за земја која има намера да го следи патот на европските земји ја прашавме амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Мери Брнс.

Advertisements

„Анализата на моменталната ситуација ќе ја оставам во рацете на оние кои го познаваат ова, подобро од мене. Но, важно е што преку овој проект се обидуваме општините да ги имаат потребните вештини не само за да управуваат со ресурсите што ги добиваат од централната власт туку и да можат да создадат сопствен извор на приходи. И што е најважно, додека го спроведуваат овој процес, истото можат да го направат на транспарентен начин пред граѓаните“, рече амбасадорката Брнс.

Веќе 24 општини потпишаа меморандум за соработка во рамките на проектот на УСАИД кој има за цел да им помогне на општините подобро да управуваат со парите и да бидат покреативни во обезбедувањето приходи.

Визијата за зголемување на локалниот развој и подобрување на финансискиот капацитет на општините е основата на реформата која е преточена во закон кој моментално е во собраниска процедура со кој се промовира фискалната децентрализација. Реформата се состои од три главни столба и опфаќа: зголемување на фискалниот капацитет на општините и нивните приходи; зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и зголемување на транспарентноста и отчетноста. Општините сега добиваат 2,8 милијарди денари од ДДВ и персонален данок, додека со новите предлог законски измени се предвидува до 2024 година овие средства постепено да се зголемуваат на 5,2 милијарди денари.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button