Општинскиот инспекторат на Град Скопјe побара од полициските службеници да го запрат работењето на приватен камион за собирање отпад во Општина Чаир
Општинскиот инспекторат на Град Скопјe побара од полициските службеници да го запрат работењето на приватен камион за собирање отпад во Општина Чаир

Општинскиот инспекторат на Град Скопјe побара од полициските службеници да го запрат работењето на приватен камион за собирање отпад во Општина Чаир, со кој челниците на Чаир претходно потпишаа договор. Според Висар Ганиу, ова се прави со политичка тенденција, по директива на ДУИ, која веќе го води Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Според Ганиу, договорот со приватната компанија е склучен бидејќи Чаир се дави во ѓубре околу две години и намерно не го чисти градското општинско претпријатие.
„Град Скопјe го испрати Инспекторатот, го блокираше камионот, повика полициска помош и ќе го конфискува камионот од причини што не ги знаеме. Се собравме тука затоа што не треба да се игра со судбината на луѓето. Ова е политичка тенденција, го кажувам ова со полно убедување затоа што компанијата ја водат кадри од ДУИ кои првично го намалија бројот на контејнери од 530 на 320 за да дадат што е можно полоша слика за Чаир. Ние ја преземаме и работата што им е доверена и нашите граѓани ја плаќаат цената за оваа услуга по втор пат, а тие не ни дозволуваат ниту ова да го правиме“,рече Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.
Ганиу рече дека пред неколку дена, советниците на ДУИ во општина Чаир спречиле ангажирање на 20 сезонски работници за чистење на територијата на оваа општина.
„За да го потврдиме ова и да ја направиме врската, минатата недела имавме точка во Општинскиот совет каде што побаравме 20 работници за да се зголеми бројот на сезонски работници, да се вработат дополнителни 20 работници за да можеме да ги извршуваме сите овие задачи, ДУИ беше против оваа точка. Ги молам сите институции да ни дозволат да ја работиме работата што вие не ја работите“, нагласи Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.
Улиците на Чаир веќе подолго време се речиси покриени со ѓубре, кое, покрај тоа што им оневозможува на граѓаните слободно движење, испушта и силна миризба, ризикувајќи ширење на разни зарази./Алсат.мк
Мелихате Рустеми