СПОРТФУДБАЛ

Оптимизам пред јунските контролни натпревари

Фудбалската репрезентација на Македонија почна да се собира за пријателските натпревари против селекциите на Хрватска и Чешка кои ќе се играат во јунскиот прозорец. Нашиот национален тим ќе одигра две контролни средби на гостински терен, а селекторот Благоја Милевски не правеше големи промени во составот.

Засега, проблеми има само Енис Барди кој нема да настапи за Македонија поради повреда на рамото со која се здоби на последниот меч со Трабзонспор. Се следи и ситуацијата со стоперот Дарко Велковски, но се очекува тој да биде подготвен да настапи на двата натпревари.

Двата пријателски меча против Хрватска и Чешка, Македонија ќе ги игра на гостински терен. Првиот е на 3 јуни закажан во Ријека, додека вториот е на 10 јуни во Храдец Кралове.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button