
Економската стратегија на Европската Унија претставува „економска студена војна“ и Унгарија не сака да биде притисната во ниту еден блок и сака да продолжи да тргува со двете страни, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за државното радио.
Орбан додаде дека производите произведени во ЕУ ќе биде сè потешко да се продаваат ако светската економија се подели на два блока и дека е нејасно дали Унгарија може успешно да ја продолжи својата стратегија за „економска неутралност“.