Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Градот Скопјe на локалните избори во октомври. Ова го одлучи Извршниот комитет на партијата на денешниот состанок. Лидерот Христијан Мицкоски нагласи дека по успехот во Кисела Вода, Ѓорѓиевски ќе има задача да го оживее Скопје, кое беше уништено за време на мандатот на Данела Арсовска.
Ѓорѓиевски нагласи дека е свесен за ситуацијата во која се наоѓа Скопје, но сепак вети дека заедно со сите заедници ќе работи на тоа на граѓаните да им се гарантира достоинствен живот.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра и кандидати за други општини. Актуелни се пет од нив и тоа во Гази Баба Бобан Стефковски, Лозово – Бошко Цветковски, Пехчево Александар Китански, Ресен Јован Тозиевски, Зрновци Борчо Коцев, додека во Карпош ќе биде Сотир Луковски. На крајот на мај, ВМРО-ДПМНЕ ги откри уште 25 кандидати за општини со кои ќе се натпреварува на локалните избори. Во меѓувреме, владејачката партија продолжува со преговорите со партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски за евентуална коалиција на локално ниво. Според Мицкоски, партиите ќе се натпреваруваат со посебни листи на советници, додека во одредени општини со заеднички кандидат./Алсат.мк
Суад Бајрами