ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН
Оштетени повеќе автомобили со македонски таблички во Грција

Во Калитеа и Афитос во Грција се оштетени повеќе ацтомобили со македонски регистрации.
Фотографиите ги објави ФБ страницата „Грција уживо“ наменета за информации за српските туристи кои се на одмор во Грција.
На фотографиите се гледаат три автомобили со скршени стакла. Два автомобила имаат таблички од Битола.
Администраторот препорачува сите вакви инциденти да се пријават во полициската станица во Касандрија и да се бараат снимки од камера за да бидат откриени насилниците и вандалите.
Инцидентот се случил вчера попладне.