СВЕТ

Оскудни информации од Мијанмар, Американски институт стравува за голем број жртви

Најмалку 45 лица се исчезнати кога повеќекатница во изградба се урна од силниот потрес што рано изутрината го погоди Мијанмар, пренесуваат светските медиуми.

Advertisements

Во меѓувреме се дознава дека хунтата којашто е на власт во земјата од 2021 година, прогласи вонредна состојба во најкритично погодените подрачја, но споделувањето на дополнителни официјални информации е мошне оскудно. Државата ги контролира речиси сите радио станици, телевизии и печатени медиуми, а употребата на интернет е исто така ограничена.

Потрагата по преживеани и заглавени под урнатините продолжува, а според податоците од американскиот геолошки институт (USGS), стравувањата се дека во земјотресот можно е да има и над 1.000 жртви.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button