ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ослободителна пресуда за Сашо Мијалков и шестте припадници на поранешната специјална единица „Алфа“

Судот ги ослободи од вина за начинот на кој беше уапсен Љубе Бошкоски, пред ресторанот „Воденица“ во 2011 – та година. Поранешното СЈО не го убедил судечкиот совет, дека обвинетите го сториле делото – нечовечно и понижувачко апсење. Како еден од клучните елементи, зошто е изречена ослободителна пресуда е тоа што Бошкоски во полициска станица пред десет години, не се пожалил на тортура од полицијаците кои го уапсиле, нита пак обвинителот докажал дека Мијалков нарачал, а „алфите“ извеле понижувачко и нечовечно лишување од слобода.

Advertisements

„При оваа преотворена постапка јавниот обвинител остана доследен на претходното поднесено обвининие и истото не го допрецизираше на начин од кој што ќе може да се утврди кои дејствија на извршување на кривично дело или каков битен придонес при извршување на кривичното дело имале поединечно сите обвинети“

Обвинителството ќе се жали пред Апелациониот суд за ослобдителната пресуда на Мијалков. Обвинението било прецизно и описно и биле наведени сите дејствија кои биле преземени при апсењето на Бошкоски.

„Во модерните демократски, цивилизирани општества ваквиот начина на лишување од слобода е забранет и санкциониран. Судот пропушти да ги санкционира сторителите според мене при состојба на јасни и недвосмислени докази. Секако дека ќе вложиме жалба, а особено сметам дека би била испратена една погрешна порака дека ваквиот начина на апсење е дозволен и законит“

По две пресуди, каде Мијалков е прогласен за виновен и осуден на 12 години за нелегалното прислушување и осум години за набавката за опрема за прислушување за УБК, сега доби ослободителна пресуда. Поранешниот директор на тајната полиција е во притвор во истражниот затвор Шутка.

Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button