ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Осломеј“ превентивно е исклучен, но ЕСМ уверува дека ќе нема недостиг на струја

Термоелектраната „Осломеј“ од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар, соопштија денеска од државната ЕСМ.

Advertisements

„Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа. Нема да има недостиг на електрична енергија во производството на АД ЕСМ, бидејќи капацитетите работат според планот и се компензира секое отстапување на одреден капацитет“, информираат од АД ЕСМ.

Во прилог на тоа, оттаму додаваат дека изминатото деноноќие произведени се 17.454 мегават часови електрична енергија што, наведуваат, ги надминува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button