ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Ако сега не го решиме спорот со Бугарија, се плашам дека ќе се претвори во замрзнат конфликт

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за бугарската телевизија БТВ, оценува дека сега е вистински момент за решавање на отворените прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија, но предупредува дека доколку тоа не се случи во блиска иднина спорот би можел да се претвори во „замрзнат конфликт“.

Advertisements

„Мислам дека во иднина ќе има сè помалку сила, енергија и храброст кај кој било политичар храбро да се занимава со оваа тема. Затоа се плашам дека за месец-два ова ќе се претвори во замрзнат конфликт кој ќе трае со години, со сите последици што ќе произлезат од нашите односи, нашата внатрешна политика и можностите за регионот. Убеден сум дека во втората половина од оваа година нема да ја имаме истата сила да бидеме целосно посветени, со сета енергија на власта, за решавање на ова прашање, како што тоа го правиме сега“, изјави Османи.

Тој вели дека доколку се пропушти оваа шанса, ќе се продолжи со конструктивна работа на оваа тема, но нагласува и дека во тој случај Владата ќе треба да се занимава и со други прашања во нашата држава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button