Османи: Двајцата повредени во сообраќајката ќе пристигнат утре

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека првите двајца повредени во несреќата во Бугарија утре ќе бидат ослободени, а нивниот трансфер ќе го организира Министерството за здравство.
„По средбата во Софија што ја имав со бугарските обвинители, но и со експертите од Северна Македонија кои директно беа вклучени во процесот на идентификација на жртвите. Вчера во Владата ги презентирав информациите и акцискиот план за трансфер на повредените но и пренесување на телата на жртвите од трагичната несреќа. Според информациите што ги имаме од болницата Пирегов во Софија, планирано е утре, 27 ноември, првите двајца повредени да бидат пуштени на домашно лекување, додека со 28 други двајца, со 30 други и 1 лице со 1 декември. Трансферот ќе го организира Министерството за здравство, а првично ќе бидат префрлени во болниците во државата“, рече Османи.