Османи: Ги споделуваме заедничките вредности со НАТО

Оваа година прославуваме годишнина од полноправното членство во НАТО. Северна Македонија денеска е дел од трансатлантското семејство на држави и стоиме рамо до рамо со нашите сојузници, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи кој во Брисел учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии.
-Ги споделуваме заедничките вредности и сме фокусирани врз заштита на заедничката безбедност, и ширејќи ги вредностите на НАТО во регионот, придонесуваме за надминување на заедничките предизвици заедно, изјави Османи пред почетокот на состанокот на Алијансата.
Ова е прв состанок на Советот што ќе се одржи со физичко присуство во седиштето на НАТО, по пауза од една година заради пандемијата со Ковид-19.