ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Османи и Дендиас во четврток во Атина ќе потпишат три меморандуми за соработка

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи следниот четврток, на 14 јануари ќе допатува во Атина и ќе оствари средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас, соопшти портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Дендиас и Османи предвидено е да потпишат три меморандуми за соработка: едниот ќе биде со „Enterprise Greece“, другиот за цивилна заштита и третиот е за соработка на дипломатските академии од двете земји.