Османи: Изборите се крстопат-едниот пат води кон ЕУ, другиот е бесперспективност

Под мотото „Европски претседател“, кандидатот за претседател на коалицијата предводена од ДУИ, Бујар Османи најави дека за време на кампањата пред граѓаните ќе ги открива плановите за, како што вели, посветла иднина во Европската Унија. Османи истакна дека има поддршка од најголемиот мултиетнички блок во земјава, кој има за цел да го одржи евроатлантскиот курс. Според Османи, ова не се обични избори, бидејќи државата е на крстопат и едниот пат води кон светла и европска иднина, додека другиот пат води кон изолација и недостиг на перспектива.
„Сметам дека го имам искуството, ги имам контактите, го имам кредибилитетот во центрите на одлучување и ја имам посветеноста да го заокружам сонот на секое семејство, на секој граѓанин, за светла, безбедна и европска иднина“, рече Османи.