ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Османи на средба со претставници на дијаспората во Норвешка

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Осло оствари средба со претставници на дијаспората во Норвешка.
“Убава прилика, овде во Осло, да се сретнам со претставници на нашата дијаспора, добро етаблирана во Норвешка. Врските со матичната држава треба да се негуваат, особено во поглед на придонесот што овие успешни бизнисмени и може да го дадат за Република Северна Македонија”, напиша на Фејсбук министерот Османи.