Османи: Наш државен интерес е историските прашања да се разговараат во Заедничката комисија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека се направени одредени позитивни исчекори во Историската комисија во однос на начинот на продолжување на активностите, истакнувајќи дека Наш државен интерес е историските прашања да се зачуваат и да се разговараат во Историската комисија.
– Комисијата за историски прашања одржа состанок во Софија и тоа, според информациите од членовите на Комисијата, беше конструктивен состанок во кој се направени одредени позитивни исчекори. Не можам да кажам одлуки или решенија, но позитивни исчекори по однос на начинот на продолжување на активностите понатаму што е добар сигнал дека и таму се рефлектира оваа позитивната клима што се создава меѓу двете влади, рече Османи на брифингот со новинари.
Одговарајќи на новинарско прашање за Предлог-декларацијата по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, која денеска е на дневен ред на 64-та седница на Собранието, министерот Османи рече дека тоа е спротивно на нашите интереси.
– Наш државен интерес е историските прашања да се зачуваат и да се разговараат во Историската комисија. Протекувањето на историската дебата од Историската комисија како заштитник на нашите позиции во политичка дебата, во која политичките интереси, партиските интереси ќе одлучуваат за нашите државни позиции може да биде пресудно за нас, рече Османи.