ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Османи: Нашите дипломатски претставници во Украина ноќта ја минале во скривница

Состојбата во Украина е критична, а посебно во главниот град, Киев, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Како што рече тој, нашите дипломатски претставници поголем дел од денот го поминувал во засолниште.
„Амбасадорот и дипломатот и двајца други граѓани коишто се во амбасадата, поголемиот дел од денот го поминуваат во скривница отколку во амбасадата. Не можат ниту да одат во нивните резиденции. Преспале во Амбасадата. Се обидуваме да ги евакуираме“, рече Османи.