МАКЕДОНИЈА

Османи: Нема нов договор со Бугарија

Министерот за надворешни работи Османи ги нарече пристрасни шпекулации тврдењата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски дека Софија го условува почетокот на преговорите со нов договор. „Нема нов договор, туку комуникација за сите прашања на различни нивоа“, рече Османи.

Advertisements

„Односите со соседите не се регулираат со секојдневно објавување на информации во јавноста, а уште помалку со шпекулации или тендециозни изјави, кои имаат за цел да ја влошат атмосферата. Европската перспектива е предизвик за целата земја, не само за Владата“, рече министерот Османи.

Според Мицкоски, Софија сака во македонскиот Устав да се прецизира дека македонскиот идентитет е создаден во 1945 година. Според него, за ова барање од страна на Софија виновно била погрешната политика на Заев.

Заев рече дека наместо да коментира неодговорни изјави, фокусот треба да се стави на решението, бидејќи блокирањето на преговорите со ЕУ не е во интерес ниту на Бугарија.

Инаку, заедничката комисија на експерти ќе се состане утре и задутре во Скопје за да разговара за случајот со Гоце Делчев.

Анеса Салиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button