ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Османи: Од Израел вратени 60 наши граѓани, останатите 90 се очекуваат во текот на утрешниот ден

Досега се контактирани 150 наши граѓани од Израел, од кои 60 веќе стигнаа, а останатите 90 очекувам утре, во текот на денот сите да бидат вратени во Северна Македонија, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Тие во моментот се безбедни. Ситуацијата таму е многу променлива, и тие можеме да сметаме дека се во некаков ризик. Работиме и со властите во Египет, за да ги ослободат да излезат, а потоа ќе организираме превоз од Египет. Меѓутоа, засега немаме начин како да ги извлечеме од Газа, изјави Османи.