ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи од Минхен: Западниот Балкан не е дупка, туку срце на Европа

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на Минхенската безбедносна конференција, утрово имаше излагање на панелот: „Празнина во срцето на Европа? Назад на Балканот“.

Advertisements

Дискусиите, како што соопшти МНР, биле насочени кон реафирмација на пристапот на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан како стратешки и кредибилен партнер за Европа, при што Османи се осврнал на заложбите на Северна Македонија за интеграција во Европската Унија.

-Секој неуспех во одржувањето на европската траекторија на Западен Балкан, може да има драматични последици за земјите од регионот и за ЕУ, вклучително и во однос на безбедноста и миграцијата. Нашите земји треба да продолжат да напредуваат во однос на помирувањето и решавањето на билатералните спорови, во европски дух, како и да ги зајакнат фундаменталните реформи, особено во однос на владеењето на правото, врз основа на ревидираната методологија за пристапување, истакнал Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button