ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Попишувањето на дијаспората ќе овозможи бенефиции за нив

Очекувам сите да бидат активни во споделувањето на информации со нашите луѓе во дијаспората за попишувањето, процесот е лесен, а ќе овозможи бенефиции пред се за нив, затоа што точните бројки нас ќе ни ги утврдат приоиритетите за дистрибуриање на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали е потребен поголем ангажман за информирање на нашата дијаспора во Австралија.

– Досега преку мобилни екипи ги праќаме нашите дипломати за да сликаат неколку дена и повторно се враќаат. Тоа значи дека нашите граѓани треба да чекаат кога ќе биде терминот да стигне екипа од Скопје за да се сликаат. Сега направивме базни станици што ќе бидат 24 часа во текот на целата година во амбасадите за да можат граѓаните да се сликаат во текот на целата година. Начинот на кој ќе ги обезбедуваме овие базни станици ќе зависи од бројот на попишани граѓани, што значи дека ќе бидат однесени таму каде повеќе се попишани затоа што сметаме оти има повеќе од нашата дијаспора, изјави  Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button