ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Постои предлог-документ за решение на спорот со Бугарија

Постои предлог-документ за решение на спорот кој е прифатлив за Скопје, но се чека на одговорот на Софија. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вели дека ова би бил сеопфатен договор за сите разлики што постојат меѓу двете страни.

Advertisements

„Има постигнато напредок во размислувањата како да се надмине ова прашање, по однос на тоа како, што и кога… меѓутоа не можам да кажам дека за еден документ има целосна согласност од бугарската Влада, за да можам јас да ги информирам пратениците веднаш и да го споделам документот“, рече Османи.

Османи одговори дека во моментов се разговара за Бугарите да бидат дел од Уставот, односно дали ова барање на Софија ќе биде вклучено во преговарачката рамка и во која етапа од процесот.

Бугарскиот претседател Румен Радев, не очекува подигнување на ветото и изрази увереност дека Владата нема да ја погази бугарската Декларација.

„Има изјави од претставниците на власта дека ќе се почитуваат сите постигнати договори, кои го изразуваат нашиот национален став по ова прашање“, вели Радев.

Османи ја коментираше и најавата од Албанија дека ќе побара раздвојување од евроинтегративниот пакет со Македонија, ако во јуни земјата остане блокирана.

„Албанија има право да го дигне гласот, да каже „ги исполнив сите критериуми, ја направив најтешката реформа во правосудниот систем, зошто да сум заложник на досието на друга држава“. Меѓутоа, свесен сум дека и Албанија го дели мислењето дека долгорочно тоа не и одговара“, рече Османи.

Во сабота е најавено дека бугарскиот премиер Кирил Петков ќе престојува во Битола.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button