ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Процесот на уставни измени да се фокусира на ЕУ и да не се оптоварува со други политички прашања

Сега е потребно да се концентрираме на уставните измени поврзани со продолжување на преговорите со ЕУ, затоа што тие се целосно технички, немаат политички последици, не носат никаква закана за државата, за заедниците. Процесот не треба да се оптовари со други политички прашања, коишто веројатно ќе го поларизираат општеството уште повеќе, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Advertisements

-Личен став, иако не ја знам намерата, е дека сега треба да се концентрираме на уставните измени поврзани со продолжување на преговорите со ЕУ, затоа што тие се целосно технички, немаат политички последици, не носат никаква закана за државата, за заедниците. Тоа што го кажувам постојано е едноставно потврдување на тоа што имплицитно е веќе во Уставот. Значи во категоријата „други“, во Преамбулата и во останатите членови каде што се спомнуваат заедниците, се подразбираат сите тие коишто се набројани во пописот, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button