ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Османи: Релевантноста на ОБСЕ е зајакната и потврдена

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својот говор на завршната прес конференција од 30. Министерски состанок на ОБСЕ, нагласи дека Организацијата останува обединета и оти успешно опстојува и покрај, како што кажа, обидите да биде згасната.
„Овој министерски состанок во Скопје повторно ја разгоре светлоста којашто не води и којашто свети силно и покрај обидите на некои да ја згаснат. Понатаму, ја потврди и ја зајакна релевантноста на ОБСЕ и потребата од него за иднината“, рече Османи.