ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Секое одложување на ЕУ перспективите може да има сериозни регионални последици

Во седмиците што следат, одлуките донесени на ниво на ЕУ ќе бидат од суштинско значење за иднината на Западен Балкан и неговата ЕУ перспектива. Секое натамошното одложување на овој пат може да има сериозни регионални последици, порача денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи во  обраќање на Форумот за односите меѓу Европската Унија и Балканот (EU meets Balkans) во Софија.

– Придобивките од интеграцијата во ЕУ се повеќекратни и ние ги живееме речиси 20 години, но тие треба да продолжат, да се негуваат и да се доведат на повисоко ниво – почеток на пристапните преговори, што следствено ќе има поголем трансформативен и мобилизациски ефект, рече Османи.

Тој порача дека евроинтеграцијата значи подобро справување со заедничките предизвици и уште поважно запечатување на припадноста во семејството на слободниот, демократски и прогресивен свет.

Форумот за односите меѓу Европската унија и Балканот (EU meets Balkans) е во организација на АЛДЕ – Алијансата на либерали и демократи за Европа, Атланскиот совет на Бугарија и Европскиот либерален форум и кофинансиран од Европскиот парламент, а на кој учествуваат политичари, високи официјални претставници од ЕУ и од регионот и експерти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button