ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Со францускиот предлог, се извлече државата од бугарскиот вртлог

Османи: Со францускиот предлог, се извлече државата од бугарскиот вртлог

Отворањето на преговорите со ЕУ, стратешкиот дијалог со САД како прва земја од регионот и претседавањето со ОБСЕ од 1 јануари 2023 година, се најголемите достигнувања според шефот на дипломатијата Бујар Османи. Во отчетноста за двегодишната работа како министер за надворешни работи, Османи ги истакна добрососедските односи со сите околни земји.

Advertisements

„Прво беа односите меѓу соседите. Не можете да имате подалекосежен надворешнополитички пристап, ако не сте ги решиле односите со соседите. Соседите не можат да ги решат, не можеш да ја смениш географијата, но треба да најдеш начин за соработка, пријателство и тоа да го направиш додадена вредност за државата. Главниот предизвик беше Република Бугарија, која е поврзана со вториот приоритет на ЕУ. Мислам дека успеавме дури и наспроти сомнежите, скептицизмот, отпорот и намерните и ненамерните пречки. Постигнавме историски успех“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Но, колку домашната дипломатија беше успешна во реализацијата на еден од најважните проекти за граѓаните од северниот регион на државата, отворањето на граничниот премин Лојане-Миратовац, со Србија. Иако собранијата на двете земји ги ратификуваа договорите за новиот граничен премин, ваквиот проект, кој сега е испишан црно на бело, и понатаму останува нерешено прашање.

“Подготвени сме од утре да почнеме со работа, но за жал Србија не е подготвена. Потребни се две страни, на граничните точки. Не можете да отворите граница ако другата страна не е подготвена. Никогаш не сме слушнале дека немаат волја за тоа, но мора да преземат нешто конкретно. Тоа не е работа што зависи од нас. Ова прашање треба да и го поставиме на Србија“, додаде тој.

За спорот со Бугарија, Османи го повтори ставот дека во францускиот предлог се зачувани македонскиот јазик и идентитет, додавајќи дека од 15 септември ќе започне важната фаза на членството, скрининг-процесот./Alsat.mk

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button