ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи – Викерс: Засилена економска соработка на земјава со Обединетото кралство

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска оствари средба со специјалниот претставник на премиерот на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс, на која ја поздрави континуираната поддршка што Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја и главен странски инвеститор, а исто така е една од првите држави која низ долги децении инвестира во зголемување на безбедноста и политичката стабилност во овој дел од Балканот.

Advertisements

Мартин Викерс, претставникот на премиерот на Обединетото Кралство– Борис Џонсон, заблагодарувајќи се на одличната соработка, најави скорешна посета во своето второ својство како претседател на парламентарната група за пријателство меѓу двете земји, при што го истакна значењето на развојот на парламентарната дипломатија. Воедно повтори дека влезот на британски „know how” и компании кои имат искуство во енергетиката, инфраструктурата, смарт концептите за развој, железницата и други големи области од витално значење за нас, но и за регионот, е мошне мотивирачка порака која би требало да даде силен импулс на Владите во регионот,да работат токму во изнаоѓање на најдобри решенија за своите идни капацитети.

На средбата се истакна и важноста на неодамна потпишаната Спогодба за партнерство, трговија и соработка,со што уште еднаш се потврдува заедничкиот политичко економски интерес и поддршка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button