ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Во Бугарија загриженост и околу краткото име на нашата држава

Покрај проблематизирањето на македонскиот јазик и динамиката за спроведување на Договорот за пријателство со Бугарија, за офоцијална Софија проблем е и краткото име на нашата држава, односно Северна Македонија.

Advertisements

Како што рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес конференција и двете страни работат на изнаоѓање решенија за надминување на наведените пречки.

„Ако краткото име предизвикува одредена загриженост во Република Бугарија, дека некој тоа може да го интерпретира како територијална претензија на историскиот регион Македонија, мислам дека ние немаме проблем да направиме дополнително објаснување до бугарската страна дека и краткото и долгото ново име претставуваат дефинирање на една иста територија, а тоа е политичкиот ентитет, Република Северна Македонија“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button