ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи за претседавањето со ОБСЕ: Борбата против корупцијата е приоритет

Османи за претседавањето со ОБСЕ: Борбата против корупцијата е приоритет

Зајакнувањето на активностите на теренот ќе биде главниот приоритет на македонското претседавање со ОБСЕ, истакна на брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој е и новиот претседавач на ОБСЕ во 2023 година која е најголемата регионална организација за безбедност и соработка и опфаќа 57 држави учеснички од Европа, Средна Азија и Северна Америка.

Advertisements

Министерот Османи го акцентираше капацитетот на ОБСЕ за ублажување на кризата и поддршка на мирот, велејќи дека Украина ќе остане главен приоритет и клучно безбедносно прашање.

Османи вели дека во претседавањето на Македонија со ОБСЕ приоритет ќе биде борбата против корупцијата. Секако и дека економската димензија ќе биде важна со оглед на состојбата во светот. Владеење на право и борба против корупцијата и животната средина и климатските промени ќе бидат главните приоритети во наредната година, за време на македонското претседавање со ОБСЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button