ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Основните животни трошоци во ЕУ растеле четири пати побрзо од платите

Цената на работната сила на час пораснала во просек за 4,4 отсто во земјите од Европската унија во 2022 година, покажуваат најновите податоци на европската статистичка служба Евростат.

Advertisements

Јазот меѓу платите и инфлацијата е уште поголем кога станува збор за најосновните трошоци за живот: трошоците за домување и комунални услуги (18 отсто од вкупните трошоци) пораснале четири пати побрзо од платите, додека транспортот и храната (12 отсто) пораснале за три пати побрзо..

Коментирајќи ги овие податоци на Еуростат, генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати, Естер Линч оцени дека поскапувањето го загрозува животниот стандард на вработените и нивните семејства.

„Овие бројки се дополнителен доказ дека работниците се жртви на инфлацијата, а не нејзината причина. „Зад овие бројки стојат вистински луѓе кои се борат да обезбедат храна за своите семејства, да ги загреат домовите, па дури и да си дозволат превоз до нивното работно место“, рече Линч.

Таа додаде дека падот на животниот стандард на работниците е резултат на тоа што компаниите, особено оние од енергетскиот и прехранбениот сектор, ги користат проблемите со снабдувањето за да ги зголемат цените и да остварат рекорден профит.

Според неа, „време е политичарите да престанат да ги казнуваат жртвите на инфлацијата со намалување на платите и да се справат со вистинската причина за инфлацијата со оданочување на вишокот профит“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button