ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Основците денеска и официјално ја завршија учебната година

Основците денеска и официјално ја завршија учебната година

На последниот ден од крајот на учебната година во дворовите на основните училишта имаше малку ученици.

Од денеска и официјално заврши наставата за основците, додека средношколците учебната година ја завршија на 10 јуни. Продолжената недела за основците воопшто не беше ефикасна поради високите температури, вели Теута Имери, директорка на ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир.

„Сите сме на работа, малку ученици имаме, како и обично во последните неколку дена поради високите температури, учениците не доаѓаат ни на час, се ставаат завршните оцени, се враќаат книги, лектири, наставниците се на работа и го почитуваат распоредот. Падна интересот на учениците и по растот на температурите и децата губат интерес за учење, но овие последни 10 дена од неделата се заморни за учениците и интересот е слаб“, рече Теута Имери, директорка на ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир.

Во училиштето „Исмаил Ќемаили“ досега се запишани над 160 ученици во прво одделение, но се очекува оваа бројка да се зголеми до септември. И основците и средношколците годинава имаа пролетен распуст.

Полуматурантите овој месец ќе можат да се запишат во средно образование. Пријавувањето на студентите во јуни ќе се врши во два термина. Според конкурсот за пријавување во средно образование, првото пријавување ќе се врши од 20 до 25 јуни и второто на 1 и 2 јули./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button