Основците од Шемшево се вратија во училишните клупи

Ден по сторијата на Алсат за недостиг на нафта за греење во основното училиште во селото Шемшево, општина Јегуновце обезбеди мала количина од овој енергенс, па учениците и се вратија на настава.
Директорот на училиштето Бурхан Ејупи вели дека добил ветувања од општината дека во петок ќе биде објавен оглас за набавка на гориво.
„Училиштето беше снабдено со нафта. За среќа вчера постигнавме договор со првиот човек на општината и со членовите на советот на состанокот што го имавме каде најдовме решение за излез од сегашната состојба. Училиштето беше снабдено со гориво и наставата денеска продолжува согласно законот“, рече Ејупи.
Директорот вели дека од почетокот на учебната година шест пати се обратил до општината за набавка на нафта затоа што училиштето ги користело последните резерви, но никогаш не добил одговор. Од општина Јегуновце и денеска одбија да зборуваат за проблемот.
Башким Сулејмани