
Речиси секоја година, интересот за читање книга опаѓа и покрај тоа што книгата е основниот инструмент за стекнување на нови знаења, и ефикасно средство за негово зачувување. Младата учителка и писателка Нертила Питарка Весели рече дека и годинава на Меѓународниот ден на книгата, 23 април, има малку млади кои читаат, особено основци.
„Децата се желни за читање, но кога нема доволно материјали, кога нема читање дома, кога родителот нема доволно време да седи и да чита со децата дома, ова е страшно, страшна ситуација е. . Честопати кога им давам лектири да читаат дома многу малку доаѓаат подготвени и наоѓаат различни причини бидејќи немаат традиција да читаат. Лектирите се многу кратки, се читаат за еден ден, доволно е да се има желба, но верувајте дека општата желба кај децата не постои, можеби не е ниту поттикната“, изјави Нертила Питарка Весели, учителка и писателка.
Учениците кои ги анкетиравме се трето одделение. Тие рекоа дека во програмата имале лектири. Дел се сеќаваат на нив, други рекоа дека не ги прочитале зашто книгите биле оштетни.
„Наставникот ни ја даде лектирата Зоки Поки“.
Дали ја најдовте, дали го прочитавте?
„Да“.
Се сеќавате ли на нешто од читањето?
„Не“.
„Се сеќавате ли на името на некоја лектира?
„Да, „Гони Тразоваќи“, Гони не учеше и беше лошо дете, правеше грешки“.
„Лектирата која ја добив беше многу искината. Откако ја прочитав, му ја дадов и на мојот другар да ја прочита. Во библиотека нема доволно лектири“.
Наставничката Питарка-Весели, вели дека треба да има се повеќе книги во училишните библиотеки.
Мелихате Рустеми