ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Осомничените во случајот на пожарот во ноќниот клуб во Кочани може да добијат затворска казна до 20 години

Осомничените во случајот на пожарот во ноќниот клуб во Кочани може да добијат затворска казна до 20 години

Осомничените во случајот на пожарот во ноќниот клуб во Кочани може да добијат затворска казна до 20 години. Ова го соопшти главниот јавен обвинител Љубчо Коцевски, кој рече дека ќе одговараат за кривичното дело „Тешки дела против општата безбедност“ за кое минималната казна е 3 години.

Advertisements

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за осомничените ќе се бараат 20 години затвор.

Но, меѓу обвинетите има и претставници на институции и службени лица, кои мора да одговараат за злоупотреба на службената положба, а според измените на кривичниот законик во 2023 година се предвидуваат полесни казни. Коцевски рече дека шпекулација и манипулација се изјавите дека измените на кривичниот законик ќе имаат ефекти за утврдување одговорност за осомничените во овој случај.
Универзитетскиот професор Митасим Беќири смета дека покрај кривичната одговорност треба да има и морална одговорност. Професорот ги споменува другите случаи на Ласкарце, Беса Транс и Модуларна болница, за кои правдата е закочена иако им се суди според стариот Кривичен законик. Тој повикува на одговорност и волја за разоткривање на вистината.

„Ова се однесува на измените на Кривичниот законик, дури и оние што се изменети, мора да се почитуваат. Односно, овде правото мора да дојде до израз за во иднина да немаме вакви трагични случаи. И она што е напишано мора да се почитува. Односно, напишаното мора да се почитува. Жалам за тоа што се случи, но она што е пишано не се почитува. Не се работи согласно законските прописи кога секој треба да си ја врши работата“, рече Митасин Беќири, професор.
Сепак, истрагите се уште се во тек и не се знае дали осомничените ќе одговараат и за други кривични дела./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button