МАКЕДОНИЈА

Остануваат мистериите за автобуската трагедија во Бугарија

Со своите најблиски тргнаа на прошетка во Истанбул, во третиот викенд од ноември, но повеќето од нив се вратија во ковчег. Во автобуска трагедија на автопатот Струма во Бугарија загинаа 45 патници. 7-те преживеани беа пренесени во болницата Пирогов во Софија. Некои од нив за ТВ Алсат дадоа свои сведоштва за тоа каков ужас доживеале додека се обидувале да ја избегнат смртта.

Advertisements

Но, на истрагата ѝ претходело техничко вештачење на автобуската и патната инфраструктура. Бугарското и македонското обвинителство со „желкини чекори“ се обидуваат да ги откријат причините како автобусот изгоре за помалку од 10 минути. Откриено е дека жртвите настрадале од пожарот, а не од судирот со банкините. Лиценцата на Агенцијата „Беса транс“ е одземена затоа што автобусите кои транзитирале во странство, стотина пати поминувале без да бидат евидентирани и без да ги исполнуваат критериумите за меѓународен превоз. Сопственикот останува во слобода.

10 дена по трагедијата, жртвите беа идентификувани преку ДНК анализа за да им бидат предадени на членовите на семејството. На скопскиот аеродром беа пречекани со високи државни почести, но последното збогување им го дадоа членовите на семејствата кои бараат одговорност од сите за ова прашање. Досега немаше одгововорност од ниеден функционер, освен двајца цариници кои се суспендирани од работа.

Мистериите на трагедијата остануваат отворени зошто беше прогласен 8-миот преживеан, а потоа самите власти да се негираат дека пронашле безживотно тело, два дена по вештачењето на местото на настанот. Причина за брзото палење на автобусот се сомнева дека е можен шверц на нелегална стока со автобус. Немањето сигнализација на автопатот и неславното „одморалиште“ станаа причина за несреќата. Истрагата вели дека вина има и човечкиот фактор – возачот. Но, властите продолжуваат да го истражуваат случајот до целосно расчистување.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button