ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Оставката на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје предизвика криза во оваа институција, вработените се уште немаат земено плата за октомври

Оставката на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје предизвика криза во оваа институција, вработените се уште немаат земено плата за октомври

Повеќе од две недели студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје е без директор. Причината е тоа што актуелниот директор Агим Фејзулаху поднесе оставка. Истото барање, од управниот одбор на домот е проследено и до Министерството за образование и наука, но до сега нема одговор кој ќе биде новиот директор. Отсуството на директорот Агим Фејзулаху, но и назначувањето на нов директор, предизвика загриженост кај вработените во студентскиот дом бидејќи се уште не ја земале платата за месец октомври.

Advertisements

Покрај непотпишувањето на платите, отсуството на директорот во оваа институција предизвика и многу други проблеми поврзани со набавките и други обврски поврзани со работењето на студентскиот дом „Пелагонија“.

Алсат контактираше и со претставниците на Управниот одбор на овој студентски дом, за состојбите во оваа институција. Но, од Управниот одбор не добивме никакви појаснувања со образложение дека Советот веќе има нов лидер и немаат детални информации за моменталната состојба. Во меѓувреме, од Министерството за образование кусо одговорија дека барањето за оставка е пристигнато во оваа институција и во текот на неделата се очекува да биде назначен в.д.директор. Исто така, според Министерството за образование, со назначувањето на в.д. ќе се надминат сите предизвици што се однесуваат до функционирањето на домот. Агим Фејзулаху беше директор на студентскиот дом „Пелагонија“ повеќе од три години./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button