Оставката на Царовска и влијанието врз реформите – став на Артан Лимани, експерт за образование

Артан Лимани, доктор на науки и експерт за образование во „Емисија 200“ на Алсат, говореше и околку можното влијание на оставката на министерката за образование врз реформите во образованието.
Тој рече дека и претходно изразувал скептицизам за ова прашање и според него, овој концепт ќе биде проблематичен за имплементација од две причини.
„Прво, затоа што ја води еден човек, тоа е министерот, а сега ни се случи таа да ја остави зад себе оваа иницијатива и не знаеме како ќе се реализира. Да не забораваме дека за ова ние како држава позајмивме 21,5 милиони долари од Светска банка – средства кои не знаеме како ќе бидат наменети, прераспределени и слично. Другиот аспект е дека моделот што таа го избра за овој концепт беше од горе-надолу наместо од долу-нагоре, на начин што ќе им даде поголема автономија на училиштата, што подоцна може да создаде капацитети за нови корелации. Го гледам како многу добар концепт, многу либерален, но нашите училишта немаат моќ да го спроведат истото“, рече Лимани.