ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Оставката на Заев е дефинитивна, тврди Горан Милевски (ЛДП)

За лидерот на Либерално демократската партија (ЛДП) и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, оставката на Заев е дефинитивна и нема простор за дебата околу тоа. Во своето гостување на на „Утрински Брифинг“ Милевски вели:

Advertisements

„Оставката е дефинитивна, нема сомнеж и нема што тука да се дебатира. Ние тоа го знаевме, бидејќи тоа ни беше најавено од него уште по првиот круг. Заев откако објави дека ќе поднесе оставка на позицијата премиер, ќе побара мислење од коалициските партнери за новото име што треба да ја предводи Владата. Оставен е простор дека името е отворена тема, рече дека ќе го слушне мислењето на коалициските партнери оваа недела. Нас не ни е толку важно името на новиот премиер, туку како ќе продолжи новата политика“, вели Милевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button