ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Оставката од Таравари сè уште не е доставена до Собранието, вели Гаши

Оставката на министерот за здравство Арбен Таравари сè уште не е пристигната во Собранието, информираше денеска собранискиот спикер Африм Гаши.

Advertisements

Гаши вели и дека до него се уште нема пристигнато предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВЛЕН на местото на досегашниот Халил Снопче кој е од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари која одлучи да ја напушти Владата и да делува како опозиција.

„Оставка се уште нема. Немаме никаква нова информација за пратенички групи“, рече Гаши на денешната средба со новинарите.

Како што рече Гаши, на последната координација немало никој од ВЛЕН иако се покануваат оние што официјално се координатори.

„Кога ќе имаме нова состојба ќе го поканиме оној којшто ќе биде координатор“, додаде Гаши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button