СВЕТ

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека не гледа никакви индикации дека Хамас планира напад врз американските војници во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Advertisements

„Не дискутирам за разузнавачки информации на подиум“, рече Остин на прес-конференција во Хаваи на прашањето дали има веродостојни информации дека палестинскoто движење ќе ги нападне американските војници кои поставуваат пристаниште во близина на Газа.

„Но, во моментов не гледам никакви индикации дека постои активна намера да се направи тоа“, додаде тој.

Американската војска е при крај со завршувањето на пловечкото пристаниште во близина на брегот на Газа, вредно 320 милиони долари, а кое се гради за испорака на хуманитарна помош до опколената енклава.

Остин рече дека тоа е борбена зона и може да се случат многу работи.

„Безбедноста и сигурноста на нашите војници се многу важни за мене“, рече тој, додавајќи дека сојузниците на Соединетите Американски Држави (САД) ја осигуруваат безбедноста и во таа област.

Пентагон на 8 март објави дека ќе преземе итна мисија за воспоставување на пристаниште во близина на брегот на Газа за да испорачува до 2 милиони оброци со хуманитарна помош дневно.

Мисијата вклучува пловечко пристаниште, патека долга 1.800 метри, која ќе биде прикачена на брегот и група бродови за логистичка поддршка.

Војната на Израел во Газа, која започна по упадот на Хамас на 7 октомври, ја опустоши енклавата и ги втурна нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.

– Потенцијалниот израелски копнен напад врз Рафа –

Во врска со можната израелска копнена инвазија на градот Рафа во јужниот дел на Газа, кој е дом на повеќе од 1 милион Палестинци кои бараат засолниште од војната меѓу Израел и Хамас, Остин рече дека САД им рекле на Израелците дека е важно цивилите да се извлечат од воениот простор пред да се спроведе каква било активност.

„Во однос на последиците, знаете, нема да шпекулирам што може да се случи, што треба да се случи. Тоа ќе го одреди претседателот (Џо Бајден)“, рече Остин, на прашањето за последиците со кои Израел ќе се соочи од САД доколку продолжат со операцијата без соодветно да ги земат предвид цивилите во областа.

„Условите не се поволни за каква било операција“, рече тој, додавајќи дека САД се јасни за неопходноста да се грижат за цивилното население во таа област пред што било друго да се случи.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот вети дека ќе ја нападне Рафа, и покрај извештаите за можен договор за прекин на огнот со Хамас.

Нетанјаху рече дека израелската армија ќе влезе во Рафа за да ги уништи баталјоните на Хамас таму „со или без договор“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button