Остра дебата меѓу кандидатите за градоначалник на Тетово, Теута Арифи и Билал Касами

Трката за Тетово беше во фокусот на вечерашната предизборна дебата во Алсат. Во емисијата „200“ дебатираа двајцата кандидати кои се во вториот круг од изборите на 31 октомври, Теута Арифи од ДУИ и Билал Касами од Движењето Беса. Арифи рече дека во следните четири години посветеноста ќе биде на инфраструктурата.
„… и новата канализација е многу важен проект. Она што е важно е дека водоводот кој се гради и сите инвестиции што се прават имаат висока цена и бараат време. Задоволна сум што направивме дистанца од тоа долго време што го имавме пред осум години, за да зборуваме денес повеќе за дефекти отколку за недостиг на вода за пиење“, рече Арифи.
Кандидатот на Движењето Беса, Билал Касами, рече дека проектите на Арифи се само колку нешто да се рече, за време на кампања. Според Касами, на Тетово му требаат коренити промени во инфраструктурата, образованието и културата.
„Против кандидатот не успеа да реализира ниту еден реален проект. Сите тие патишта што беа отворени за време на кампањата особено за време на дождливото време, изгледаше мизерно, каде што лично сум видел старци како се обидуваат да поминат по калливи патишта, по улици, и тоа го прави само еден човек кој не ги сака своите сограѓани. Секако, тетовчани во недела ќе ја дадат својата одлука и ќе ја казнат актуелната градоначалничка“, рече Касами.
Двајцата кандидати разговараа и за проекти за развој на планинскиот туризам, фискалната транспарентност и управувањето со отпадот.
Адриан Керими